Тригодишен план за буџетот и 15 до 20 структурни реформи кои влијаат на економскиот раст се дел од содржината на Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, што Владата ја донесе на последната седница
Оваа програма, како што соопшти Владата е обврска и дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. До Европската комисија најдоцна до крајот на месецов е задолжен да ја достави министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според програмата во наредниот тригодишен период реформите ќе бидат насочени меѓу другото на енергетскиот и транспортниот пазар, намалување на сивата економија, дигитална трансформација, развој на земјодеолскиот пазар…
-Програмата за економски реформи содржи макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, 15 до 20 структурни реформи кои најмногу влијаат на економскиот раст како што се реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита, информираат од Владата.