Владата на Република Македонија ја укина забраната за одржување спортски натпревари, кога станува збор за колективните спортови.

Комисијата за заразни болести упати препорака до националните спортски федерации да започнат со организирање спортски настани, но на истите ќе мора да се почитуваат упатствата, односно без одржување на публика и со запазување на здравствените протоколи.

  • На денешната седница, Владата донесе одлука со која престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, се вели во соопштението на Владата.

Ова значи дека нема да има пречка за отпочнување на новите шампионти во сите колективни спортови, но истите ќе мора да бидат организирани според строго предвидени протоколи.