Владата партнер на 15. Меѓународен саем за стопанство во Тешањ

85
Internationale Handwerksmesse 2015 Halle B2: Messegeschehen: Hallenübersicht, Balkonfotos, Vogelperspektive, Besucherandrang Foto: Marcus Schlaf, 14.03.2015

Владата на Северна Македонија е партнер на 15. Меѓународен саем за стопанство што ќе се одржи од утре до 16 јуни во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој се најавени околу 300 излагачи, претставници од бизнис заедницата на државите од регионот и од Европска Унија, меѓународни организации, дипломатски претставници…

Во име на Владата саемот ќе го отвори министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.

Во програмата на саемот, со цел зајакнување на соработката, трговско поврзување како и размена на искуства, информации и добри пракси во земјите од регионот, предвидени се панел дискусии; тематски предавања; презентации и Б2Б средби, информира владианата прес-служба.