Владата одлучи:Наставата во средните училишта во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга ќе почне онлајн

49

Владата на денешната 103-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите седум дена.

-Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата, информираат од владината прес-служба.

На денешната седница, Владата го дополни и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголемува бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите од 0 до 2 години.