Владата недела ќе го утврдува Буџетот за наредната година

69

Владата неделава треба да го утврди буџетот за наредната година, а за што расправата ја отвори на седница минатата недела.

Според досегашните информации, се предлага растот на економијата следната година да изнесува 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит да биде 2,3 отсто.

Во фокусот на буџетот следната година, како што соопшти викендов министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде вложувањето во човечкиот капитал.

Расправата по буџетот што го подготви Министерството за финансии Владата ја почна на седница минатата недела, а треба да се утврди на седница оваа недела. Откако ќе го усвои Владата, Предлог-буџетот за 2020 година ќе биде доставен до Собранието на усвојување.