Владата на САД обезбеди уште 100 милиони бесплатни домашни тестови за Ковид-19

52

Владата на САД набави повеќе од 100 милиони дополнителни тестови за ковид-19 како дел од планот на Белата куќа да дистрибуира 500 милиони бесплатни домашни тестови низ целата земја, објави денеска Министерството за одбрана.

Почнувајќи од јануари, американската влада им дозволува на домаќинствата да нарачаат четири бесплатни домашни тестови за Ковид-19 преку специјална веб-страница за таа цел, а испораката може да се очекува во рок од седум до 12 дена од нарачката, пренесува Ројтерс.

Со овој потег, американската влада сака да го ублажи недостатокот на тестови низ земјата, што беше предизвикано од зголемената побарувачка за време на брзото ширење на варијантата омикрон.

Претходно овој месец, Ројтерс објави дека Белата куќа планира да купи дополнителни 500 милиони тестови како додаток на првичното купување со цел да ја зголеми достапноста на тестовите за населението.