Овој намаз можете да го служите со печен зеленчук, како сос за месо или едноставно и највкусно – намачкан на леб.
Состојки:
- 3 поголеми црвени пиперки
- 8 чешниња лук
- 200 гр стар леб
- 150 гр пржени бадеми
- 50 мл оцет балсамико
- 100 мл маслиново масло 1 лажица димена пиперка во прав
- сол и бибер
Подготовка:
Убаво испечете ги пиперките, а потоа оставете ги да се оладат.
За тоа време во тава ставете масло и пропржете го лукот насецкан на парчиња. Потоа извадете го од тавата, а во неа ставете ги коцките стар леб, и пржете да станат крцкави.
Исчистете ги пиперките и ставете ги во блендер заедно со лукот, лебот, бадемите и оцетот. Мешајте додека не добиете смеса која потсетува на ајвар. Готовиот намаз посолете го, ставате малку бибер и димена пиперка во прав по вкус.
Уживајте ви вкусот!