Вкупниот број на случаи на Ковид во светот надмина 350 милиони

35

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид 19 во светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според овој извештај, до денес во светот се регистрирани дури 352.796.704 случаи на Ковид 19 и 5.600.434 смртни случаи поврзани со оваа болест.

Бројот на потврдени случаи во текот на изминатиот ден е зголемен за 2.158.785, а бројот на починати е зголемен за 6.189, пренесува ТАС С.

Како што се наведува, најголем број новозаразени во светот во еден ден од почетокот на пандемијата е забележан на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се регистрирани 4.041.420 случаи на ковид 19, а границата од 300 милиони случаи била надмината на 8 јануари.

Најголем број случаи на коронавирус забележаа САД (70.153.597), потоа Индија (39.799.202), Бразил (24.044.255), Франција (16.347.127) и Обединетото Кралство (15.953.689).

Најголем број смртни случаи се пријавени во Соединетите држави (860.113), потоа Бразил (623.097), Индија (490.462), Русија (327.448) и Мексико (303.183), според ТАС С.