Еден од најпопуларните УФЦ борци и шампион во лесна категорија, Русинот Хабиб Нурмагомедов (31), порача дека не е заинтересиран за реванш со Конор Мекгрегор, кого го победи во октомври 2018 година.

-Не сум заинтересиран за реванш. Што ако за борба ми дадат 100 милиони долари? Има многу други спортови во кои тој износ може да се вложи. Зашто би ми биле потребни тие 100 милиони долари, само за да го победам, изјави Дагестанцот.

Одбивањето на оваа борба многу извесно значи и се поблизу до пензија, а тоа го потврди и неговиот татко, Абдулманап.

  • Мислам дека вистнско време Хабиб да ја заврши кариерата наредната и пол или две години. Максимум ќе има уште три борби. Две се сигурни, а третата е неизвесна, истакна таткото на Хабиб за руските медиуми.

Тоа значи дека Хабиб ќе го гледаме против Тони Фергусон и во најдобар случај на уште две борби.