Вистински медитерански вкус: Сочно пилешко во сос

291

Пилешко во многу верзии, пржено, печено, поховано, на скара, ролат со пилешко. И сепак понекогаш ќе ве фати „монотонија“ во подготовката и сакате да пробате нешто ново. Време е да ја разбиеме монотонијата со пилешки рецепти. Ви нудиме еден интересен начин на подготовка.

Потребни состојки:

едно пиле

2 лажици маслиново масло

50 мл лимон

100 мл пилешка супа (може и од коцка)

30 гр путер

4 чешниња лук

1 лажица ливчиња од рузмарин

лута пиперка

100 мл бело вино

кора од еден лимон (рендана)

Подготовка:

Исечето го пилето на парчиња, и запржете ги парчињата во тава на путер. Додадете ги рузмаринот, чукот, лутата пиперка и виното.

Тавата покријте ја и динстајте околу 40 минути. Откако ќе се издинстаат, парчињата пилешко извадете ги од тавата, а потоа во неа додадете ја супата, сокот од лимон и кората и варете ги неколку минути.

Со добиениот сос на крајот прелијте ги парчињата пилешко. Послужете и уживајте во вкусот на медитеранското пилешко.