Гувернерот на Флорида и дел од републиканските конгресмени од оваа американска сојузна држава побараа од претседателот Доналд Трамп да го признае Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.
Гувернерот Рон ДеСантис смета дека „сега е моментот“ и оти лидерството навистина може да направи разлика за жителите на Венецуела.
ДеСантис и сенаторите Марко Рубио и Рик Скот побараа од Трамп да го засили притисокот врз Николас Мадуро.
Лидерите на опозицијата во Венецуела за денеска закажаа протести ширум државата.