Високиот комесар на ОН за човекови права: Репресијата на талибанците врз жените и девојчињата е неспоредлива

65

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк денеска изјави дека репресивната контрола на талибанците врз жените и девојчињата во Авганистан е неспоредлива и ќе ја загрози иднината на земјата.

Тирк рече дека новите закони за моралот, кои им забрануваат на жените да се појавуваат во јавност без покривање на лицето и го ограничуваат нивниот пристап до образование и повеќето работни места, се „скандалозни и претставуваат систематско

„Се згрозувам кога размислувам што е следно за жените и девојчињата во Авганистан“, рече Турк пред Советот за човекови права на ОН во Женева.

Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година за време на последните недели од повлекувањето на САД и НАТО, ги исклучија жените од повеќето области на јавниот живот и им забранија на девојчињата да одат на училиште по шесто одделение, и покрај првичните ветувања за поумерено владеење.

Тие, исто така, го ограничуваат пристапот на жените до работа, патување и здравствена заштита доколку не се во брак или имаат машки старател и ги казнуваат оние кои не се придржуваат до толкувањето на талибанците за хиџабот или исламскиот превез, пренесува Танјуг.