Виски во капсули кои се топат во уста: Би пробале?!

41

Кажете му збогум на ритуалот на сипање виски во чаша, со или без мраз, здравицата со пријателите и вкусот на овој алкохолен пијалок од првата голтка.

Иноваторите на шкотскиот производител на виски Glenlivet имаат други планови за вас. Овие генијалци сметаат дека пиењето виски од чаша е многу старомодно и затоа смислија нов начин за консумирање на нивниот алкохолен пијалок.

Наместо тоа овој популарен алкохол го ставиле во капсули од алги кои се топат во уста.

Реакцијата на луѓето на виски капсулите воглавно е негативна, па можеби е подобро да заборават на оваа иновација.