Вирусот корона „замрзна“ париска улица во 40-ите години од 20. век

108

Една париска улица остана „заглавена“ во Втората светска војна откако продуцентите на филмот чие дејствие е сместено во четириесеттите години од 20-иот век морале да го напуштат сетот кога Франција го ограничи движењето поради падемијата на новиот вирус корона.

Воени пропагандни и социјалистички плакати се залепени на ѕидовите покрај калдрмата на Ру Андре, во квартот Монтмартр, во кој сега се наоѓаат лажна златарница, кројачки дуќан и продавници за пијалоци, а сето тоа во декор од воено време. Германските улични знаци упатуваат на медицински установи, пренесува Ројтерс.

Во случај Париз да не е доволно дезориентиран во време на карантин: мојот кварт е користен како филмски сет каде што е воведена блокада. Сега целиот кварт е замрзна во 1941 година“, напиша локален жител Тим Мекинереј на Твитер.

Париз денес изгледа како град на духови, на деветтиот ден од блокадата на градот без преседан во мирнодопски услови, кои ги нареди претседателот Емануел Макрон за да го забави ширењето на вирусот корона.

Макрон им даде на 67 милиони Французи само 16 часа да се подготват за блокада, без да им дозволи на продуцентите на филмот „Збогум господине Хафман“ доволно време да го демонтираат својот сет и да го вратат местото во 21. век.

Филмот во режија на Фред Каваје е адаптација на истоимената претстава из зборува за Јозеф Хафман, евејски златар кој бил принуден да се крие за да им избега на нацистите.

Извор:reuters.com