„Нумерата ‘Сонце‘ е трето мое авторско дело во кое сум јас и музичар изведувач, а мој е и аранжманот. Првото дело кое го објавив на јутјуб се вика ‘Вистина’ и е  поставено во декември, второто дело кое е исто така авторско, го објавив за време на карантинските денови на 4 април и насловено е ‘Вулкан‘. Во меѓувреме исто така поставував и мои авторски дела на фејсбук. Но, овие три дела ‘Сонце’, ‘Вистина’ и ‘Вулкан’ се дела кои здравје во иднина сакам да ги ставам на моето авторско цеде, за кое ќе има и промоција“, вели за весникот ВЕЧЕР виолинистката Слободанка Ничевска, чија нумера „Сонце“ поставена на Јутјуб деновиве ја одушевува македонската јавност

Одлични кадри и уште подобра интерпретација… вака љубителите на добрата музика ја искоментираа извонредната изведба на македонската виолинистка  Слободанка Ничевска, чија најнова авторска нумера “Сонце“, снимана на мегалитската опсерваторија Кокино, од завчера е поставена и може да се види и слушне на јутјуб-каналот. Иако многумина досега немаа можност да ја запознаат и да присуствуваат на нејзината музичка изведба, оние што го проследија видеото на јутјуб се одушевени од нејзиниот талент, а многумина ја нарекуваат и македонската Ванеса Меј.

Ничевска која по потекло е од Велес е вработена во Македонската опера и балет, каде е дел од оркестарот.

Инаку, самата локација на која е снимена песната ‘Сонце‘ од најновото видео на Ническа на „Јутјуб“,  дополнително и дава на целата изведба мистичност и надреална убавина.

“Нумерата ‘Сонце‘ е трето мое авторско дело во кое сум јас и музичар изведувач, а мој е и аранжманот. Првото дело кое го објавив на јутјуб се вика ‘Вистина’ и е  поставено во декември, второто дело кое е исто така авторско, го објавив за време на карантинските денови на 4 април и насловено е ‘Вулкан‘. Во меѓувреме исто така поставував и мои авторски дела на фејсбук. Но, овие три дела ‘Сонце’, ‘Вистина’ и ‘Вулкан’ се дела кои здравје во иднина сакам да ги ставам на моето авторско це-де, за кое ќе има и промоција. Од друга страна се ова немаше вака да изгледа и звучи ако го немаше музичкото студио Трница (продуцентот е Никола Димовски- Трница), кој ги оживеа моите дела со звук и слика, бидејќи ние уметниците можеме да ја имаме музиката во глава но, ако немаме можност да ја офијацијализира нема да звучи вака. Конкретно за овој спот благодарна сум и на Марина Аврамовиќ, која го овозможи ова снимање на прекрасното Кокино, место на Сонцето и ѕвездите, па така и насловот се совпадна. Всушност не случајно беше одбрано“, објаснува за весникот ВЕЧЕР, Ническа.

Таа освен што е вработена во Македонската опера и балет е и текстописец, и две години учествува на фестивалот „Јаболчиња“ заедно со Трница кој 25 години го води овој детски фестивал.

Ническа, која веќе го подготвува своето цеде, за кое не сакаше да открива повеќе детали, а на кое ќе се најдат и овие три авторски композиции, но и повеќе нови, се надева дека ќе излезе пред јавноста до крајот на годината. (Д.Т.)