Вината во едно видео:Морган Фримен се најде на новата црна листа на Путин

141

„Вашингтон пост“ пишува дека името на актерот Морган Фримен е нешто изненадувачко меѓу сите тие политичари на црниот список на Русија и наведуваат дека Русите во образложението навеле дека Фримен објавил видео во кое „ја обвинува Русија за заговор против САД и повикува да се бориме против нашата земја“.

Видеото е снимено во 2017 година во продукција на Комитетот за истрага на Русија.

Во него актерот алегорично, прераскажувајќи измислено филмско сценарио, зборува за политичкиот пат и подем на Владимир Путин и споменува како тој ги користи социјалните мрежи за да ја шири својата пропаганда.

Местото на тој список, кој го објави руското МНР, значи дека на споменатите 963 Американци не им е дозволен влез во Русија, а самиот список има доминантно симболично значење. Во него се појавуваат и Џозеф Бајден и Камала Харис.