Поранешната македонска манекенка, мисица, топ-модел и несудена уредничка…

Викторија Јанаќковиќ многу добро Македонија ја познава како поранешна успешна манекенка и второпласирана придружничка на “Убавицата на Македонија“. Некои не ја забораваат ниту како шефица на кабинетот на некогашниот заменик-министер за култура (во владата на Груевски), но и несудена уредничка на женскиот магазин “Убавина и здравје“. Таа е после сè што постигнала во професијата и животот, сега успешна забарка. Токму тоа и е нејзината вистинска професија, па згодната забарка во слободното време (повторно) се занимава со многу љубов со професијата фотомодел. Можеме да ја видиме како заштитно лице на еден македонски моден бренд.

Неодамна на еден од своите постови храбро, но и двосмислено, напиша дека се “извинува што ја нема книгата меѓу нозете“. Кој како ќе ѝ ја разбере пораката, но вистина е дека Викторија се разликува од сите по сè, па дури и по статусите на ФБ. Потполно природна и кога пишува и кога позира! Таа е Викторија Јанаќковиќ, позната без “влакна на јазикот“. Кажува сè во лице! Па, ако можете истрпете ја. И таа вас ве трпи.  Д.М. /фото:ФБ/