Викторија Лоба секој ден е насмеана и блеска од среќа. За тоа секако придонес има и нејзината идилична врска, но сепак и нешто друго. Тајната за убавото расположени и убав ден лежи во рецептот кој таа го применува, а сега ни го откри и нам.

– Земаме еден ден… го чистиме од завист, тага, тврдоглавост, себичност. Додаваме три супени лажички оптимизам, лажичка трпение и прстофат љубезност кон сите. Додека ја мешаме целата смеса пополека, додаваме радост. Внимание! Оваа мешавина содржи 100% органска љубов. Викторија, со задоволство, на сите им го препорачува да го применуваат овој рецепт и тоа што е можно почесто.