Викторија Бекам во британскиот магазин Гламур откри дека како тинејџерка трпела физичко и психичко насилство од нејзините соученици. Но, ова лошо искуство ѝ помогнало да ја научи нејзината ќерка Харпер дека девојките секогаш треба да бидат љубезни.

Викторија исто така изјавила дека сака да им биде позитивен пример на нејзините деца во однос на навиките за јадење. Таа дури на 45 години се почувствувала сигурна во надминување на многубројните борби против негативните мисли за нејзиното тело. Но, она што ја довело до таа несигурност е насилството што го преживеала за време на училиште денови. Викторија откри дека немала многу другари и дека средното училиште за неа било пекол.

“Средното училиште беше пекол. Децата береа плодови од дрвјата и ги фрлаа кон мене. Цело време стоев сама настрана. Немав пријатели. Луѓето ме туркаа наоколу велејќи дека ќе ме тепаат. Сè беше мизерно, а јас едноставно не се вклопував во општеството“ изјавила Викторија за британското списание.