Вики Среброва како поранешна рокерка

85

Познатата пејачка на фолк-песни и стари македонски музички бисери Вики Среброва на времето си беше и успешна рокерка. На почетокот на кариерата Вики со својот омилен инструмент, со гитарата, правеше неверојатно незаборавни забави само со рок-балади, како со своите така и со оние југословенски и светски. Омилениот естраден лик и беше (и, остана) Брајан Адамс. Па, од тие причини нејзините пријатели, но и нејзините фанови имаа слатка навика да ја нарекуваат „македонски женски Брајан“. Секако дека на нашата, инаку сè уште згодна пејачка, тоа и беше комплимент, но и инспирација да продолжи и со рок баладите. Кој знае, чудни се патиштата на музичарите, така да нема ништо да биде за чудење токму тоа ако Вики ја видиме во некој дует во некоја песна за душа, токму со него со Адамс. Можеби сега наскоро во нашето Скопје, кога светски познатиот музичар ќе одржи свој концерт. Никогаш не се знае.  Дуле М.