Во текот на изминатиот викенд, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена отстраниле дваесетина диви депонии лоцирани во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош. При тоа, биле подигнати вкупно 30 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад одложен на јавни и сообраќајни површини.
Од претпријатието информираат дека во општината Аеродром, активностите се одвивале на улицата „Венијамин Мачуковски“ и булеварот „Видео Смилевски-Бато“, во општината Чаир се расчистувале дивите депонии на улицата „Методија Митевски“, додека во општината Центар бил отстранет непрописно одложен отпад на улицата „Кирил и Методиј“ и во реонот на скопското Теќе.
ЈП Комунална Хигиена во текот на викендот отстранила и неколку диви депонии лоцирани во населбите Козле и Трнодол, во општина Карпош, како и на повеќе локации на главната улица во општината Ѓорче Петров.