„Виз ер“ в среда лета од Скопје, а в четврток носи туристи од Холандија и од Полска во Охрид

1310

Од скопскиот аеродром в среда први ќе полетаат авионите на „Виз ер“ на четири релации: Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн.

Летовите ќе се реализираат во периодот од 6 до 6:45 часот.

Првото слетување ќе го реализира авиокомпанијата Туркиш ерлајнс со лет од Истанбул. Веднаш потоа, исто така од Истанбул ќе слета авион на „Пегасус ерланјнс“.

Според редот на летање објавен на веб страната на ТАВ Македонија, за денот на отворањето на скопскиот аеродром се планирани и три лета за Цирих. Ќе ги реализираат авиокомпаниите „Германиа“, „Свис“ и „Еделвајс“. Сите се во попладневните часови.

За среда се најавени уште летови на „Виз ер“, вкупно до девет европски дестинации.

Со лет на  „Виз ер“, со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и од Полска, в четврток се отвора аеродромот во Охрид.