„Виз ер Абу Даби“ почнува со летови од 1 октомври

43

„Виз ер Абу Даби“ ги исполни стандардите за почеток со работа и најави дека од 1 октомври ќе почне со летови на шест линии од Абу Даби.

Таа компанија соопштува дека во својата флота ќе воведе и два нови најмодерни авиона од типот Ербас А321нео.

Договорот со својот партнер Абу Даби холдинг Компанија за развој PJSC (ADDH) за основање на заедничката компанија „Виз Ер Абу даби“, нискобуџетната „Виз ер“ го склучи во март годинава ,кога и најави дека своите операции од аеродромот во Абу Даби ќе ги почне есенва.