“Видовит“ стрип: Астерикс веќе еднаш го победи коронавирусот

1433

Секогаш кога има ситуации што влијаат на целиот свет, луѓето некако успеваат да најдат докази дека уметноста веќе ги „предвидела“. Ниту коронавирусот не е исклучок, но во морето на шпекулации не можеме да ги затвориме очите кон фактите. Некои случајности се едвај видливи, некогаш само на оние што даваат се од себе да веруваат.

Сепак, една авантура на Астерикс и Обеликс од 2017 недвосмислено споменува „ коронавирус“. Станува збор за стрипот наречен „Астерикс во трка низ Италија“, создаден од Дидија Конрад и Жан-Ив Фери.

Дејството на стрипот е следно: Со оглед на тоа што многумина ја критикуваат состојбата на римските патишта, сенаторот Лактус Бифидус предлага да се одржи трка низ целата земја за да може секој да биде убеден во „извонредноста“ на италијанските патишта. Поканата за трката е отворена за секој што сака да учествува.

Во меѓувреме, во едно мало галско село, Обеликс оди кај пророчица која предвидува дека ќе биде врвен кочијаш. Обеликс веднаш се откажува од својата работа и купува кочија на кредит, за да се вклучи во трката преку Италија со Астерикс и Догматикс.

Во оваа трка има разни противници, но особено ни е интересен претставникот на Рим по име Коронавирус. Коронавирус и Бацилус седат заедно во кочијата додека Коронавирус не се откаже поради тоа што неговиот партнер мамел.

Сето ова, се разбира, е плод на бујната фантазија на авторите на овој стрип. Секако не е исклучено во наредниот период да откриеме повеќе референци што можат да донесат разни дела од популарната култура во врска со тековната светска состојба.

Не треба да сфаќаме такви работи премногу сериозно, но секогаш е интересно да се открие дека не само што уметноста го имитира животот, туку дека животот честопати ја имитира уметноста.