ВИДЕО што „го чекаше целиот свет“: Како се произведува вакцина против коронавирус?!

2011
Фото: Screenshot/Youtube

Компанијата „Фајзер“ во својот белгиски погон веќе произведе стотици илјади вакцини против коронавирус. Фармацевтскиот див објави видео, кое како што пренесуваат медиумите „го чекаше цел свет“.

На видеото се гледа како илјадници мали дози се полнат со новата, експериментална вакцина за коронавирус. Ако вакцината се покаже ефикасна, тоа е, како што пренесува Дејли Меил, првиот чекор во насока на елиминирање на ситуацијата во која е вовлечен светот поради пандемијата.

Весникот наведува дека „Фајзер“ веќе произведе стотици илјади дози на вакцина во својата белгиска фабрика. Веднаш штом резервите ќе го дозволат тоа, вакцината ќе биде дистрибуирана во болниците во светот, а штом клинички се потврди нејзината ефикасност и регулаторите на пазарот ја продадат, на светот може да му олесни.

Американската фармацевтска компанија се надева дека до крајот на оваа година може да произведе околу 100 милиони дози, од кои 40 милиони веќе се планирани за британските здравствени институции. Следната година нивната цел е да произведат дури 1,3 милијарди дози вакцина против коронавирус.