Во програмата на ирачката државна телевизија беше прокажано соочувањето на грабната и силувана припадничка на етничкото и верско малцинство Јазиди со припадник на Исламска држава кој ја силувал,

-Крени ја главата, му вели таа.

-Зошто? Имав само 14 години кога ме силуваше. Ми го уништи животот. Ми одзеде се за што мечтаев, му рекла Ашвак Хаџи Хамид Тало, одвај задржувајќи ги солзите за на крајот да се струполи на земја.

Таа во ТВ прилогот опишува дека ирачките сили за безбедност го уапсиле нејзиниот злоставувач и ја поканиле ако сака да дојде на соочување во Багдад. Видеото има жиг на ирачката разузнавачка служба.

Летото 2014 година Исламска држава зазеде огромни територии на северот од Ирак, вклучително и подрачјата на кои живеат Јазиди. Илјадници јазидски жени беа грабнати и со години беа злоставувани и сексуално искористувани од страна на екстремистите.

 

Ашвак била купена за 100 долари од еден екстремист. Во 2015 година успеала да побегне и стасала во германската покраина Баден-Виртемберг каде што живеела со мајка и и браќата.

Во 2018 година ја напушта Германија откако својот мачител го сретнала на улица, но во септември повторно се вратила во Германија каде што се наоѓа под медицински и психолошки надзор.

Извор: Focus.de