Вечерва е финалето на „Песна на Евровизија“, а со тоа се поставува и едно прашање: која е најпопуларната песна во историјата на „Евровизија“?

Прашањето, иако многу субјективно по природа и отворено за дебата, односно лични преференци, сепак има универзални одговори.

Ова се само еден мал дел од песните кои избрани за победнички на ова музичко натпреварување…

Натпреварувачи кои не победија, но имаа исклучително успешни музички кариери со над 70 милиони продадени примероци се Хулио Иглесијас, Оливија Њутн Џон, Фло Рид, Клиф Ричард и The Shadows, Нана Мускури, Умберто Този и Ала Пугачева.

Други успешни учесници на Евровизија со повеќемилионска продажба беа Доменико Модуњо, Џани Моранди, Лара Фабијан, Бакара, Бони Тајлер, Патриша Кас, Карел Гот, Ајда Пекан, Ричи е Повери, Арсениум (член на О-зона), The New Seekers. Мери Хопкин, Енгелберт Хампердинк, Ана Виси, Лас Кечап, како и претставникот на Југославија Здравко Чолиќ.


На крајот, не треба да се заборави и планетарниот хит, кој со учеството на „Евровизија“ минатата година, го донесе натпреварувањето во Торино – групата Måneskin и песната „Zitti e buoni“.

Во 2019 година на Евросонг во Тел Авив, одличен настап, и сценски, и резултатски и во генералниот пласман, забележа нашата Тамара Тодевска која на крајот го освои осмото место, но, песната „Прауд“ беше конкурентна за севкупна победа до последен момент.

Ова е најдобар пласман на македонски претставник на изборите за песна на Евровизија од 1998 година кога дебитира Владо Јаневски со „Не зори зоро“.