ВИДЕО: Михаела ги украде срцата на милиони, видеото од нејзиното приведување стана вирален хит

227

Фелисити Михаела Хјуз, 18-годишна девојка од Камарило, Калифорнија, стана херој на социјалните мрежи откако пред десет дена направи шега поради која заврши во притвор.

Имено, младата девојка ја испровоцирала полициската потера и на крајот удрила во полициското возило. Притоа испратила еден полицаец во болница со полесни повреди, а поради тоа била обвинета за напад со смртоносно оружје!

@photogsteve81 People already stealing this one from my Ig and posting it here 😂 #run #caught #incustodyera #nightcrawler @MoorparkFirePhotographer with the 📷 @onscenetv ♬ original sound – PhotogSteve81

За нејзина среќа, обвинителите се откажаа од таквата класификација и таа конечно ја напушти затворската ќелија во вторникот.

На крајот ќе одговара за бегство од полицијата и загрозување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, што го направила само затоа што полицијата се обидела да ја спречи поради пребрзо возење.

Како и да е, снимката од нејзиното приведување стана вирален хит на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде видеото собра импресивни 11,5 милиони прегледи од едноставна причина.

Фелисити Михаела Хјуз воодушеви многумина со својата убавина, дури до тој степен што на социјалните мрежи и го дадоа прекарот Тејлор Дрифт.