ВИДЕО: Златан покажа дека е од крв и месо

149
epa10673686 AC Milan’s Zlatan Ibrahimovic, who is due to leave the club, is celebrated by fans after the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Hellas Verona, in Milan, Italy, 04 June 2023. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња и најголема ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ, објави крај на богатата играчка кариера. На крајот од првенствениот дуел помеѓу екипите на Милан и Верона (3:1) беше организирана свечена церемонија на „Сан Сиро“ и за време на истата популарниот Ибракадабра со солзи во очите потврди дека и официјално се пензионира.

  • Првиот пат кога пристигнав во Милан ми подаривте среќа, вториот пат ми подаривте љубов. Од срце сакам да им се заблагодарам на навивачите. Ме пречекавте со раширени раце, направивте да се чувствувам како дома. Ќе бидам навивач на Милан до крајот на животот. Време е да се збогувам со фудбалот, но не и од вас, изјави Ибрахимовиќ.