Вивиен Вествуд и Дона Каран не се тушираат, а Карл Лагерфилд ја мие косата еднаш неделно!

78
German fashion designer Karl Lagerfeld for Chanel acknowledges the public at the end of the Spring/Summer 2013 ready-to-wear collection show on October 2, 2012 at the Grand Palais in Paris. AFP PHOTO/MARTIN BUREAU (Photo credit should read MARTIN BUREAU/AFP/GettyImages)

За својот добар изглед тие и заблагодаруваат на генетиката, но и на детално разработениот план за нега на кој му се верни со години.
Дијан вон Фурстенберг и Каролина Херера се едни од најдобрите дизајнери на светската модна сцена, а познатите дами со децении ги носат нивните креации. Исто така, може да се забележи дека и двете изгледаат одлично, посебно ако земеме предвид дека тие имаат 70, односно 80 години.

Зошто Карл Лагерфилд секој ден користи сув шампон за коса, зошто Вивиен Вествуд не сака туширање, но и кој е омилениот вид на рекреација на Дона Каран, дознајте во продолжение…

Вивиен Вествуд

Вечната британска бунтовничка е радикална дури и во негата кон своето тело. Имено, таа во едно интервју изјавила дека не се тушира пречесто. Наместо тоа, таа еднаш неделно припрема купка во која вистински ужива, а на тој начин сака да придонесе за зачувување на планетата со тоа што ќе троши помалку ресурси.

Сепак, Вествуд додала дека наутро мие само одредени делови од телото како што се пазувите. Второто правило до кое религиозно се држи е максимално одбегнување на сонце.

Карл Лагерфилд

Овој необичен дизајнер има цела палета на трикови кои не сака да ги открие, а само мал број од нив тој ги споделил со јавноста. За почеток, тој секојдневно користи сув шампон за коса и тоа затоа што му се допаѓа белиот тон кој го постигнува со него. Исто така, Карл го одбегнува туширањето поради непосакуваниот ефект на виткање на косата кој е последица од влагата.

Дона Каран

Како своја главна тајна на добриот изглед, 69-годишната дизајнерка ја наведува редовната медитација која ја практикува од својата 18-та година, а целиот ритуал го надополнува со јога или пилатес.

Токму како и претходно наведените дизајнери, ниту Дона Каран не е љубител на туширањето, туку претпочита долги купки со есенцијални масла од ментол и лаванда, за кои вели дека се одлични борци против стресот и несоницата.

Дијан вон Фурстенберг

Оваа дизајнерка веќе со децении и е посветена на избалансираната исхрана со посебен нагласок на консумирање овошје и зеленчук. Како што објаснила за “Вог”, исхраната никогаш не треба да се сведува на некој строг и неодржлив режим.

Наместо тоа, треба постепено да ја применуваме квалитетната исхрана како начин на живот. Што се однесува до рекреацијата, Дијан вели дека никогаш не го прескокнува редовното истегнување.

Каролина Херера

Во случајот на Каролина Херера, постојат две основни правила до кои таа се држи: избегнување на сонце и внес на голема количина на вода. Како нешто кое би требало секако да го избегнуваме, Херера го наведува секојдневното миење на косата кое носи повеќе штета отколку корист.