Вибер воведува нови правила за сите корисници да се чувствуваат безбедно

222

Имено, апликацијата во иднина во рок од 24 часа ќе ја отстрани секоја содржина и порака што ја оценува како говор на омраза, пишува Нова.рс.

Тие тврдат дека се воведуваат нови промени за сите корисници да се чувствуваат безбедно и да „уживаат во содржината на Вибер“.

Дополнително, Вибер ќе инвестира значителни ресурси во обука и поддршка на тимови за модерирање на пораките на каналите во популарната апликација за кореспонденција.

„Горди сме што работиме со Комисијата на ЕУ за правда, потрошувачи и родова еднаквост, како и со доверливи невладини организации за да го анализираме и отстраниме говорот на омраза од каналот на Вибер“, се вели во соопштението на компанијата.

Содржините ќе бидат анализирани и отстранети од модераторите, но самите корисници ќе можат да пријават навредливи пораки или пораки со говор на омраза.

„Вибер отсекогаш бил посветен на приватноста и безбедноста на своите корисници. Со новите промени можеме дополнително да ја подобриме оваа точка од нашиот бизнис“, рече Идит Арад, генерален советник на Ракутен.

Вибер не е единствениот кој ќе мора да ги почитува новите правила на Европската унија. Слично ги чека и другите апликации за комуникација, како Фејсбук месинџер, ВатсАп и други.