Вељко, синот на Цеца Ражнатовиќ стана “тата-мата“ за свињарството

5106

Вељко Ражнатовиќ, и ако е син на финансиско богатата балканска пејачка Цеца, сепак си има свој приватен бизнис од кој одлично заработува. Тој се занимава веќе неколку години со свињарство. За првпат зборуваше неодамна пред новинарите.

– Јадам свинско месо, но само  тоа што сам го одгледувам. Многу е поздраво и за децата и за мене. Овој бизнис беше на иницијатива на мојата сопруга.  Мојот таст, нејзиниот татко, одгледува кокошки, а јас прасиња.                                                Белград не ми недостига, ни најмалку.  За мене селото е многу подобро од град, а малиот Тител е навистина преубаво место за живеење. Уживам во реката, во дивината, во ридот, во селскиот амбиент, во чистиот воздух, во здрава храна…

Не сакам веќе белградски гужви, тој хаотичен сообраќај. Не, не сум остарен, туку само сакам здрав младешки живот за да им биде убаво и на моите најмили, секако и на мама Цеца. Таа често доаѓа кај мене на село. Повеќе не го сакам ни Кипар и ако таму имаме преубава вила, но таму е неподносливо жешко…..раскажа Вељко кој стана вистински тата-мата во свињарството.   Д.М.