Вечните во клинч поради Јовиќ

21

Најголемите ривали во шпанската Примера дивизион, Барселона и Реал (М), ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Лука Јовиќ.

Најдобриот стрлец во германската Бундес лига го привлече вниманието на сите европски гигант, но во прв план се вечните ривали од Примера дивизион.

Неофицијално, Барса и Реал (М) се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за услугите на повремениот репрезентативец на Србија.