ВЕЧЕР знае дека никој не е подобар од Меси!

81

Капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, по шести пат ја освои најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс Фудбал.

Наградата за најдобар голман во сезоната 2018/2019 година ја доби бразилскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, а наградата за најдобар млад фудбалер заврши во рацете на холандскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Матијас де Лихт.

Капитенот на женската репрезентација на САД, Меган Рапино е прогласена за најдобра фудбалерка за изминатата сезона.

Дневниот весник ВЕЧЕР е единствениот медиум од Македонија кој има право да гласа за најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс Фудбал.