Во предвечерјето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна македонска држава, го посетивме правнукот на македонскиот револуционер, Јордан Дане Јанев во неговиот дом во Гевгелија. -Се надевам, дека по сите овие мои кажувања во весникот ВЕЧЕР, македонските историчари ќе направат дополнителни истражувања со кои уште повеќе ќе го потврдат неспорното македонско потекло на апостолот и срцето на Македонија, Ѓоргија (Гоце ) Делчев. А, јас и мојата фамилија, и денес, со гордост и радост ќе го чествуваме 4 февруари, денот кога пред 151 година се родил големиот син на Македонија и мој дедо, војводата Гоце Делчев, вели ексклузивно за весникот ВЕЧЕР, Јордан Дане Јанев.
Инаку, ексклузивното интервју во весникот ВЕЧЕР со Јордан Дане Јанев, објавено на 17 јануари минатата година, во кое беа откриени дотогаш непознати факти за македонската јавност, дека во Гевгелија живеел чичкото на Гоце Делчев и брат на неговиот татко, Никола Делчев, предизвика големи реакции. По објавувањето на оваа сторија академскиот вајар Јанев веднаш беше контактиран од д-р Јасмина Дамјановска, авторката на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ што ја подготви Државниот архив.
Љубчо АЛЕКСОВСКИ
Ексклузивното интервју во весникот ВЕЧЕР со Јордан Дане Јанев, објавено на 17 јануари минатата година, во кое беа откриени дотогаш непознати факти за македонската јавност дека во Гевгелија живеел чичкото на Гоце Делчев, и брат на неговиот татко, Никола Делчев, предизвика големи реакции во македонската јавност. По објавувањето на оваа сторија во весникот ВЕЧЕР, правнукот на големиот македонски револуционер, академскиот вајар Јанев веднаш беше контактиран од д-р Јасмина Дамјановска, авторката на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ што ја подготви Државниот архив и материјалите кои беа испратени од страна на Јордан Јанев, доктор Дамјановска ги вклучи во изложбата и во специјалниот каталог направен по тој повод.
Во предвечерјето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна македонска држава, го посетивме повторно господинот Јанев, кој ни откри уште некои интересни поединости за трговецот Гоце Делчев, чичко на револуционерот Гоце Делчев, и брат на неговиот татко, Никола Делчев, кој живеел во Гевгелија.
|


По притисокот кој го вршеле Грците врз македонското население, многу фамилии од денешна Северна Грција биле принудени да се иселуваат во гевгелискиот, дојранскиот и струмичкиот крај, а голем дел заминувале во Бугарија и во некои други земји.
Никола Делчев со фамилијата се отселил во Горна Џумаја, а неговиот брат, трговецот Гоце Делчев, дошол во Гевгелија каде што и живеел сè до својата смрт. Тој и неговата жена Кита почиваат во нашите семејни гробници во Гевгелија, раскажува Јанев.
Но, вели тој, има една работа која сега првпат ќе ви ја кажам, а на тоа ме потсети мојот внук од Скопје, Зоран Георгиев, историчар и археолог.
Тој ова го слушнал од неговата баба Аспасија, ќерка на Марија Делчева, најголемата ќерка на Гоце Делчев-трговецот, инаку родена 1872 година.
Таа му раскажувала дека Делчеви, иако е познато дека живееле во Кукуш, нивните претци потекнувале од селото Мачуково, денешно, по грчки Евзони, кое е само пет километри од Граничниот премин „Богородица“. Од ова село потекнува и прославениот гевгелиски војвода Сава Михајлов, кој соработувал со војводата Гоце Делчев, кој пак често навраќал во гевгелискиот крај и каде што лично ги примил првите членови на ВМРО во Гевгелија во пролетта 1895 година.
|
А, јас и мојата фамилија, и денес, со гордост и радост ќе го чествуваме 4 февруари, денот кога пред 151 година се родил големиот син на Македонија и мој дедо, војводата Гоце Делчев, вели ексклузивно за весникот ВЕЧЕР, Јордан Дане Јанев.