Вечерва новогодишен концерт на Центарот за култура во Делчево

35

Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров”, вечер во Спомен дом „АСНОМ“ во Делчево ќе се одржи завршен Новогодишен концерт, на кој покрај претставници на Центарот за култура ќе настапат и гости од Кочани.

-Декември е период кога вообичаено го одржуваме завршниот новогодишен концерт на кој вечерва е предвидена пригодна програма. Свој настап во рамки на концертот ќе имаат  Фолкорната група ,,Н.Ј.Вапцаров”, Женската пејачка група ,,Ѓурѓа” и нашите гости – фолклорниот ансамбл при Националната установа „Бели мугри” од Кочани, информираше Методи Толевски, директорот на делчевскиот Центар за култура.
Кореографот на делчевската фолкорна група ,,Никола Ј. Вапцаров”, Кристијан Трајановски, рече дека пред присутните ќе се претстават 120 членови, кои ќе изведат неколку кореографии.
-На концертот ќе се претставиме со кореографии, со кои генерално настапувавме оваа година на домашна сцена. Настанот се организира со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19,   додаде Трајановски.
Претходно, во организација на Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, со почеток во 13 часот, во делчевската киносала ќе биде изведена претставата „Вистина или Лага”.