Вечерва дезинсекција во Тетово против комарци и други штетници

80

Општина Тетово вечерва на полноќ ќе започне просторна дезинсеција со цел искоренување на возрасни комарци и други штетници. Од таму апелираат до одгледувачите на пчели, навремено да преземат соодветни мерки за да ги заштититат кошниците со пчелните семејства.

-Дезинсекцијата ќе се врши во вечерните часови, по 24:00 часот до раните утрински часови во недела, доколку временските услови го дозволат тоа, во спротивно доколу има дожд и време проследено со силен ветер дезинсекција ќе биде откажана за следниот ден или за друг ден со подобри временски услови. За секоја промена Општина Тетово навреме ќе ги информира граѓаните, информираат од Канцеларијата за комуникации и односи со јавност при тетовската локална самоуправа.

За дезинсекција ќе се користи средство-растворен Ауродил, според потребите на терен.