Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95% натфрлање на планот. Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани Богданци. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 MWh.
Во 2019 година, овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 MWh електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за 6 проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4% во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.
Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на компаниите заинтересирани да го градат проектот е до 2 март.