Вест Хем цели на пласман во ЛШ

35

Фудбалерите на Вест Хем ќе дадат се од себе да завршат сезонава меѓу првите четири екипи во Премиер лигата, најави капитенот на лондонскиот клуб Марк Нобл.

  • Немаме што да изгубиме и одиме тоа да го реализираме, изјави капитенот на Вест Хем, кој во понеделникот запиша нова победа во англиското првенство триумфирајќи над Вулверхемптон со 3:2.

Вест Хем по 30 натпревари е четвртопласиран на табелата со 52 бодови, еден повеќе од петопласираниот Челзи, а три повеќе од Тотенхем и Ливерпул.

  • Засега сме меѓу најдобрите екипи во лигата. До овој момент имаме успешна сезона и се надеваме дека така ќе биде и на крајот, рече Нобл.