ВЕСНА ВУЧИЌ ОТВОРИ ДУША ЗА “ЗАЕДНИЧКИТЕ 40 ГОДИНИ”….со нејзиниот Драган!

455

Многу поздравни честитки, многу убави желби и стасаа на познатата (радио) водителка-презентерка Весна Вучиќ (екс-Атанасовска,ќерката на легендарниот Пеце) по повод “заеднички 40 години” (со човекот на нејзиниот живот), како што таа напишала на својот ФБ. Бракот со надалеку познатиот пејач, водител и забавувач Драган Вучиќ трае 37 години, а заедно се 40! Иако честопати медиумите ги разведувале правејќи од нив “македонски Бобо и Брена”, тие двајцата заедно опстојуваат, како што се гледа и од “авион”.

Весна отсекогаш важела за една од најубавите Македонки по која многу момци имаа непроспиени ноќи, но сепак само тој (Драган) успеа да ја освои, на кого таа му го кажа судбоносното ДА. Пред 37 години! Весна сите не потсети на тој убав настан од нивниот  живот, па радоста је сподели со сите пријатели. И, веднаш се случи непрегледна река од коментари. На пример и ваквите: “Сите тројца лепотани, а за Весна не знам кога е поубава, тогаш или сега. Тие тиркиз очи не стареат.” Или и ваквите: “Честитки кумо, да ви се множат годините”…. А годините се намножиле. Весна и Драган имаат син, познатиот музичар Мартин Вучиќ кој не е веќе естрадно активен, а беше и претставник на Македонија на “Песна на Евровизија”, имаше неколку хитови меѓу кои најпознатиот “Рано ми е да се врзам”. Меѓутоа и Мартин брачно се врза, па сосема логично е наскоро мама Весна и тато Драган да станат баба и дедо. Се како што си е редот.   Д.М.