Весна Вуловиќ: Како југословенската стјуардеса преживеа пад на авион од 10.000 метри

232

На 26 јануари 1972 година, Весна Вуловиќ работеше како стјуардеса во авионот Даглас ДЦ-9 на југословенска авиокомпанија, кога се урна меѓу планините во Чехословачка. Сите 27 патници и членови на екипажот загинаа, освен Вуловиќ, која за чудо преживеа.

Според истражителите, стјуардесата останала заробена меѓу количките со храна во опашката на авионот додека паѓал на земја. Опашката паднала во пошумениот и покриен со снег дел од планината, за кој се смета дека го ублажил ударот и и помагнал да преживее.

Весна ја спасил Бруно Хонке, шумар кој ја слушнал како вреска во мракот додека делови од авионот паѓале околу неа. Иако официјални лица тврдеа дека авионската несреќа е резултат на експлозија на бомба, последователните истраги тврдеа дека чехословачката противвоздушна одбрана го урнала авионот по грешка, што подоцна го прикриле во соработка со југословенските тајни служби.

По пристигнувањето во болницата, стјуардесата паднала во кома од која се разбудила по 10 дена. Имала фрактура на черепот, два смачкани пршлени и скршена карлица, неколку ребра и двете нозе.

„Бев скршена и лекарите ме составија повторно. „Никој не очекуваше дека ќе живеам толку долго“, изјави таа за Њујорк Тајмс во 2008 година.

Падот и донесе на Весна место во Гинисовата книга на рекорди во 1985 година за најголемиот пад што човек го преживеал без падобран. Стјуардесата поради падот привремено останала парализирана од половината надолу, но со текот на времето речиси целосно се опоравила и се вратила на својата работа. Спектакуларната приказна за преживувањето и донесе статус на славна личност во Србија, каде славата ја искористи за политички цели. Таа беше отпуштена од својата работа во авиокомпанијата во 1990 година, откако учествуваше во протестите против претседателот Слободан Милошевиќ, но избегна апсење.

„Јас сум како мачка, имав девет животи. Но, ако националистичките сили надвладеат во оваа земја, моето срце ќе пукне“, изјави таа за Њујорк Тајмс.

Таа почина во 2016 година на 67-годишна возраст.