Секогаш актуелната, добро расположена и интересна македонска актерка, Весна Бејби Петрушевска, овој пат беше во поинакво, тажно расположение. Причината е разбирлива. При гостувањето во емисијата „Еден на еден“, таа раскажуваше за својот починат татко Кире. На сите им е познато дека таа беше многу поврзана со него, а кој почина пред неполни две години. Во емисијата „Еден на еден“, актерката раскажа една интересна случка за него.
– Татко ми имаше тромбоза, тешко се движеше со дубак и многу сакаше да седи во дворот. Така, еден сончев ден, додека седевме во нашиот омилен двор, јас му реков: „Добро бе, тато, човек без судбина нема живот, а ти без судбина – како да си немал живот“. Ме гледаше и како да ми велеше: „Да ти се сневиди судбината, фала ти многу“.
Кире беше духовит, многу искрен, топол, добар, а и многу убав човек. Јас од него само носот го наследив. Имаше убава уста за разлика од мене. Сега, кога физички го немам, ми недостига многу, премногу. Си го имавме муабетот.
Среќна сум што, како ќерка и татко, бевме блиски, што можев да се исплачам пред него. На некој начин, тој ми беше заштитник.
Затоа на сите топло ви порачувам: Чувајте си ги родителите додека ги имате. По нивната смрт, сè е без врска – емотивно раскажа Весна.
–