Веслачка со неизлечив рак постави нов трансатлански рекорд

27

Три Британки, од кои едната има неизлечив рак, го соборија светскиот рекорд во веслање преку Атлантикот. Кет Кординер, на која и е дијагностициран секундарен рак на јајниците, со веслачките Аби Џонстон и Шарлот Ирвинг, пристигна на островот Антигва во неделата вечерта.

Жените го завршија преминот долг 4.800 километри од Ла Гомера на Канарските острови до англиското пристаниште за 42 дена, седум часа и 17 минути, соборувајќи го претходниот рекорд за неверојатни седум дена.

На жените им бил приреден емотивен пречек кога пристигнале на островот, а кога излегле на брегот за прв пат од 12 декември, тие истакнале дека се чувствуваат „трогнати и среќни“ и дека се чувствуваат неверојатно.

Веслањето преку вториот по големина океан во светот е признаено како огромен тест за издржливост.

Повеќе луѓе би се искачиле на Монт Еверест отколку успешно да го преминат Атлантикот, а помалку од 20 отсто од веслачите во океаните се жени.

Се смета дека Кординер е првата личност што се справила со овој предизвик како личност која ја има оваа лоша болест.

  • Покажаа дека невозможното станува возможно. Кординер (42), Ирвинг (31) и Џонстон (32) биле на чамец долг 7.6 метри наречен Доли Партон и наизменично веслале два часа со два часа одмор, истакнаа организаторите на трката.

За време на нивното епско патување, тие доживеале огромна топлина, огромни ноќни бранови, несоница, плускавци на рацете и ајкули кои го придружувале нивниот мал брод. Сепак, издржале благодарение на нивната решителност.

На Кординер и бил дијагностициран рак на матката во 2019 година, а лекарите и ја отстраниле матката, но и ги оставиле јајниците бидејќи сакала да ги замрзне. После тоа и биле отстранети и јајниците. Но, во јуни 2020 година и се појавиле болки во стомакот и срцеви метастази. Таа била оперирана и подложена на хемотерапија, а сега е во ремисија.