Згодната водителка и млада мајка Александра Пановска-Илиевска, која секое утро, на ТВ „Канал 5“, со своите колешки и колеги ни посакува „Здраво, Македонијо“ и која важи за едно од поуспешните македонски ТВ-лица, вчера имаше голема причина за радост.
Таа и нејзиниот сопруг, имењакот Александар, го прославија првиот роденден на својата принцеза Сара. Среќните родители, покрај преубава роденденска торта, во друштво на слатката ќеркичка направија и убава семејна забава. Наедно, првиот роденден на Сара беше инспириран од џунглата со сите нејзини омилени животни.
„Една година радост“, напиша весело водителката покрај фотографијата на која, пред роденденската торта, се таа и нејзиниот сопруг, со славеничката.
Тоа, наедно, ги израдува и многубројните фанови на Александра, која добро ја знаеме уште од порано,како водителка на кулинарското ТВ-шоу „Брза кујна“. Сè што е убаво, треба и да се види. Нека се за многу години родендените на мамината и татината принцеза! (Д.М.)