Весело ноќеска беше во домот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го прослави својот 42 роденден. Опкружен со драги блиски луѓе и своето семејство, сопругата Веселка и децата, наздравија за Среќен роденден , здравје и уште многу години, среќа и љубов.

Први роденденот му го честитаа сопругата и децата со преубава торта преку која беа испишани пораките “најдобриот татко”, “ти си наша гордост”…

Инаку, Митко Јанчев,  во јавноста е познат и признат бизнисмен, и еден од најуспешните градоначалници во Македонија. Важи за човек кој исклучително е посветен на своето семејство и секој слободен миг гледа да го посвети на својата сопруга Веселка, синовите Никола и Стојанче и малата ќеркичка Мила.