EPA-EFE/Alejandro Garcia

Чешкиот кошаркар Јан Весели го продолжи договорот со Барселона, потврдија од  каталонскиот клуб. Тој потпиша двегодишен договор до 2026 година.

Инаку, Весели пристигна во Барселона пред две години, а интересно е што тогаш потпиша тригодишен договор со Каталонците. Тој има богата евролигашка кариера и покрај Барса настапуваше и за Партизан и Фенербахче, а се испроба и во НБА лигата. Со турскиот клуб беше шампион на Европа во 2017 година, а беше и МВП на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување. Сезонава има просек од 12,9 поени и 4,5 скока по натпревар.

Барселона речиси обезбеди пласман во следната фаза од елитното натпреварување, бидејќи моментно е на второто место со скор 18-8.