Еден од најдобрите ракометни тренери Веселин Вујовиќ, по 20 месеци поднесе оставка од селекторската функција на иранската репрезентација.

Легендарниот Воуја на овој потег се одлучи по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз, кои во октомври се одржаа во Доха, а сето тоа поради политичките тензии на Блискиот Исток кои во голема мера ги нарушија плановите и нормалната работа на Иранците.

Од Федерацијата на Иран не сакаа да ја прекинат соработката, но Вујовиќ беше експлицитен дека во услови на вонредна состојба што владее во земјите од регионот по израелската акција во Газа, тој нема да се врати во Техеран.

Иранците за нов селектор го назначија Мааџид Рахимизаде, поранешниот селектор на јуниорската репрезентација.

Вујовиќ одработи добро Светско првенство во 2023 година со Иран, каде оваа азиска земја за првпат стигна до второто коло, завршувајќи како 24-та од 32 најдобри селекции на планетата.