Бидејќи минатата година оперираше тумор на бешика, Нада Обриќ не смее да пее ниту да работи по дома. Пејачката тагува бидејќи не може да отвори ресторан кој отсекогаш го посакувала.

Нада Обриќ

Но, нејзината другарка Верица Шерифовиќ отворила слаткарница поради што таа е презадоволна. Веќе неколку пати Нада била таму за да ги проба слатките деликатеси.

Марија и Верица Ш.

Тоа се нејзини стари рецепти, таа сама ги прави тортите и колачите, а она што е најважно е тоа што по цел ден е во слаткарница за да ги слуша коментарите на луѓето. Ништо не ѝ е тешко, меси, мати по цел ден и ужива во тоа откако престана со пеење. Марија е тука да дегустира, но откако е на диета послабо ги јаде слатките на Верка. Криво ми е што ја премести слаткарницата на друга локација па сега не ми е блиску. Но, ако, ѝ посакувам да се прошири низ цела Србија, таа го заслужува тоа, изјавила Нада за српски медиум која не престана да се бори за своето здравје. По трети пат го победила ракот и, како што појасни, нема намера да се предаде.

Фото: Инстаграм