Вербална нота за шефот на Канцеларијата за врски на Грција за исполнети услови за Конечната спогодба

77

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му била предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба), се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба.

Од МНР посочуваат дека во Вербалната нота, грчката страна се информира дека Собранието на РМ на 11 јануари ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.