Туристите и жителите на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го преплави поголемиот дел од овој град-лагуна.

Водата ги преплави кафулињата и продавниците, а како мерка на предострожност затворени се сите градинки.
Во многу хотели се нудат пластични чизми за еднократна употреба, за да можат да им се најдат на туристите.

Локалците и туристите кои се погодија таму токму во овој период на Инстаграм споделуваат видеа и фотки за да ја пренесат ситуацијата.

Доколку нивото на вода се искачи над 140 сантиметри, тоа ќе значи дека 59% од градот ќе бидат поплавени.